Погледнете го контроверзниот прекин: Усик едвај ја одбрани титулата против дебитантот (ВИДЕО)

110

Александр Усик едвај ја одбрани својата титула во тешка категорија после иконтроверзна победа во 11-та рунда со прекин против дебитантот Рик Верховен.

Холанѓанецот, за кого ова беше само втора професионална боксерска борба, беше поагресивен во поголемиот дел од натпреварот и пружи изненадувачки силен отпор, а во моментот пред прекинот беше во предност.Во неочекувано напнат дуел, украинскиот боксер го засили темпото во 11-та рунда и го испрати Холанѓанецот на подот со моќен лев аперкат. Верховен стана пред да заврши броењето, но судијата одлучи да ја прекине борбата по серијата удари на Усик во последните секунди од рундата. Многумина веруваат дека оваа одлука била премногу строга кон предизвикувачот.

Резултатт во моментот на паузата гласеа 95-95, 95-95 и 96-94 во корист на Верховен.

„Ова беше тешка борба. Добра борба“, рече Усик кратко по натпреварот.

Од друга страна, Верховен ја нарече одлуката срамна и побара реванш, додавајќи дека одлуката е на Усик.

„Сакав судијата да ми дозволи да се борам до крај или барем да ја видам 12-тата рунда. Чувствував дека бевме прилично изедначени“, рече Верховен.

Верховен излезе енергичен од самиот почеток, постојано се движеше и удираше со моќен десен удар во телото. Иако Усик одговори со остар двоен аперкат во втората рунда, Холанѓанецот добро ги прими ударите и возврати со два свои десни куки.

А, одлуката за стопирање на мечот предизвика лавина од лути реакции.

ПретходноХаос во Словенија: Марјановиќ сакаше да се тепа со навивач, Дончиќ го спречи (ВИДЕО)
СледноКаде е Винисиус кога Реал Мадрид плаче?