Силекс се пофали: Ја продолживме соработката со нашиот тренер Васоски!(ФОТО)

103
ФОТО:.facebook.com/fcsileks/

И официјално. Александар Васоски и натаму ќе биде на клупата на Силекс како шеф на струката. Популарниот Тетовче, кој важи за еден од нашите најдобри тренери најмалку и следната сезона ќе го предводи Силекс, прво во Европа а потоа и во ПМФЛ во сезоната 2026/27.

Секако дека ова е доар потег на раководството на кратовци, ако се знае дека пред неколку дена токму Васоски му го донесе на Силекс пехарот во Купот на Македонија, се разбира заедно со своите играчи.

Еве го соопштението на Силекс:

Тетовче мајсторе – Тетовче шампионе!

ФК Силекс ја информира јавноста дека е продолжена соработката со шефот на стручниот штаб, Александар Васоски, кој и во наредната сезона ќе го предводи нашиот тим.

По историската сезона и освоениот Куп-пехар, заедничката приказна продолжува со нови предизвици, нови победи и нови успеси на европската сцена ова лето.

Шефот останува – до нови победи!

ПретходноОфицијално: Саша Обрадовиќ не е веќе тренер на Ц.Звезда!(ФОТО)
СледноВлатко Костов: Почнавме со шест играчи, завршивме со пласман во ПМФЛ!(ФОТО)