Јакимовски под просекот, Тренто загуби дома

30
фото: Dolomiti Energia Trento (X)

Со само еден постигнат поен, македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски не успеа да им помогне на кошаркарите на Тренто да дојдат до третата победа во пресметката со Виртус Болоња во италијанскиот плеј-оф.

Гостите славеа со 90:81 и успеаја да израмнат во серијата на 2:2. Нашиот репрезентативец денеска доби 18 минути на паркетот за кои освен еден поен имаше и пет реализирани скокови.

Следниот меч од серијата е на теренот на Виртус.

ПретходноТалески: Знам какви се навивачите во Македонија, секој спортист ужива во таква атмосфера
СледноЗлатните медали за пионерите на МЗТ Скопје Аеродром