Златните медали за пионерите на МЗТ Скопје Аеродром

21
фото: mkd.basketball

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е новиот државен првак во М14 лигата во машка конкуренција од „Адастра“ младинските лиги. Во финалниот натпревар од завршниот турнир, во кој беа во улога на организатори, екипата на МЗТ Скопје Аеродром беше подобра од тимот на Феникс 2010 со 83:69.

Почетокот на финалниот натпревар во целост им припадна на кошаркарите на Феникс 2010 кои во првите десет минути од играта остварија солидно водство (26:15). Но тоа беше и најдобриот дел од нивната игра во мечот кој го одредува шампионот.

По релативно изедначената втора четвртина, во која МЗТ Скопје „симна“ два поени од стартната негатива, младите „металци“ имаа феноменална трет дел од играта. Оној во кој направија скор од (35-16), со кој не само што го свртеа резултатот во своја полза, туку обезбедија предност, која Феникс 2010 не успеа да ја стигне.

По три одиграни периоди, МЗТ Скопје Аеродром водеше со плус 10, (69:59), разлика која ја одбранија во последниот дел од финалето во кое го имаа двоецот Михајлов-Златановски, кој искомбинира 51 поен.

Во екипата на Феникс 2010, Ничевски беше стрелец на 30.поени, а Лескаровски дојде до 24. Нешто порано, во натпреварот во кој победникот ги добива бронзените медали, екипата на Водно санс го победи МВП Скопје со (81:71), и го освои третото место о оваа натпреварувачка сезона во М14 лигата-мажи.

ПретходноЈакимовски под просекот, Тренто загуби дома
СледноМЗТ Скопје доминантно до 13. пехар, честитките за Маџари!