МЗТ Скопје доминантно до 13. пехар, честитките за Маџари!

52

МЗТ Скопје ја одбрани титулата, со максимални 3-0 ја доби финалната серија против дебитантот Маџари, откако на третата средба славеше со 74-80. И овој пат искуството на „сино-белите“ беше пресудно. Тимот од Аеродром дојде до 13-та титула во домашниот шампионат, сезоната ја завршува со сите можни пехари. Го освоија Купот на Македонија и Супер-Купот.

Војдан Стојановски со 17 поени беше лидер кај првакот, зад него беше Танасковиќ со 16 поени. На другата страна Хот имаше 20 поени и 18 скока.

На другата страна Маџари останува да биде задоволен и горд на она што го оствари оваа сезона, беше најпријатното изненадување.

Уште еден интересен натпревар понуди третата финална пресметка. Маџари повторно покажа дека неслучајно се најде во битката за титулата, влегоа со голем мотив, после првите десет минути поведоа со 26-21. На другата страна МЗТ Скопје врати со 16-25, на одморот резултатот беше 42-46.

Битката продолжи и во следниот период, избраниците на Миодраг Тодоровиќ се бореа максимално, имаа голема желба да дојдат до историска победа во финалето. Во последните десет минути, МЗТ Скопје влезе со шест разлика 56-62.

Маџари отвори со 8-2 за 64-64 на нецели шест минути ди крајот и голема драма. МЗТ Скопје успеа да дојде на плус шест (68-74) на 2:41 до крајот. Оваа позитива се покажа како доволна, искуството на гостите беше пресудно.

ПретходноЗлатните медали за пионерите на МЗТ Скопје Аеродром
СледноВојдан Стојановски е МВП на финалето