Војна на улиците на Торино, еден навивач сериозно повреден, ќе има ли фудбал? (ВИДЕО)

227

Пред натпреварот меѓу Торино и Јувентус кој е на програмата вечерва и се уште не е започнат, имаше неколку судири меѓу ултрасите на двата градски ривали, а според некои информации еден навивач на Јувентус, кој припаѓал на групата Викинзи, наводно бил погоден од солзавец испукан во висина на градите и е во критична состојба.

Судирите меѓу ултраси во Торино и Јувентус продолжуваат, а засега нема вести за судбината на натпреварот, кој требаше да почне во 20:45. Ултрасите на Јувентус од групата Традиционе наводно контактираат со Маратона за да постигнат заедничка цел. Натпреварот е во опасност.

 

ПретходноВојдан Стојановски е МВП на финалето
СледноИванковиќ: Охрид е наша тврдина, ќе ја оствариме целта