Македонскиот национален фудбалски тим пред себе во јунскиот репрезентативен прозорец има два предизвика. Пријателски мечеви на гости против селекциите на Босна и Турција.
Првиот меч го играме против босанците во Сараево на 29 мај, додека пак на 1 јуни ќе спарингуваме со Турција во Истанбул.
Еден од оние кои што за прв пат е дел од А националниот тим е играчот на романски Ута Арад, Дин Аломеровиќ.
Некогашниот младински репрезентативец на Македонија доби премиерен повик за сениорите од страна на новиот селектор Гоце Седлоски.
„Секако дека сум пресреќен со повикот за А националниот тим. Чест и привилегија е да си тука. Секако дека како новитет ќе пробам да се вклопам што побргу со тимот, со староседелците што се вели. Имам искуство со дел од нив како Дарко Велковски, како Тихомор Коставинов, во младите категории. Не очекуваат два сериозни противници, во името на Босна и Турција. Според мене ние имаме квалитет да се носиме со силни противници. Ќе ја искористам секако секоја минута дадена од селекторот“ – вели Дин Аломеровиќ при пристгинувањето во таборот на националниот тим.










