Заврши уште еден ПМФЛ шампионат. Во последното коло денеска, екипите на Македонија ЃП односно Тиквеш обезбедија победи во мечеви кои немаа резултатско значење.
Македонија ЃО на колумбиски погон што се вели со головите на Гереро односно Еступиан, со конечни 4:2 го победи тимот на Силекс кој што овојпат настапи со речиси младински состав.
Од друга страна пак, на Арената Тодор Проески во Скопје, екипата на Тиквеш со 1:3 го совлада новиот второлигаш тимот на Работнички.
Со овие два меча, и официјално се заокружи 33. коло од овогодинешниот шампионат, и првенството заврши.















