Кочани е домаќин на големиот спортски настан „Денот на спортот“

49

Кочани е четвртиот град кој ќе биде домаќин на „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Град кој со години создава врвни македонски спортисти и важи за вистински „расадник“ на таленти, утре ќе пулсира во ритамот на големиот спортски настан.

Плазма Спортските игри за млади се една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години, кои оваа година за првпат се одржуваат и во Македонија.

„Денот на спортот“ ќе се одржи на стадионот „Никола Мантов“ на 26.05.2026 (вторник) со почеток во 10:30 часот.

На отворањето на Спортските игри за млади ќе присуствуваат претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, која е носител на овој голем проект, кој е поддржан од Владата на Македонија, градоначалникот Владко Грозданов, како и бројни познати спортски имиња.

Игрите опфаќаат натпревари во 10 атрактивни спортски дисциплини: Coca-Cola Cup – турнир во мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика во рамките на „Денот на спортот“, како и баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.

Во Кочани младите „симовци“ ќе се натпреваруваат во Coca-Cola Cup – турнир во мал фудбал во машка и женска конлуренција, мал фудбал 2015 годиште, ракомет во машка и женска конкуренција, атлетика, народна и баскет 3х3 во машка и женска конкуренција.  

Главната цел на Спортските игри за млади е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики, негување на фер-плејот, создавање искрени пријателства и градење на вистински вредности.

По успешните настани во Скопје, Куманово и Штип, спортскиот караван пристигнува во Кочани.

Кочани, се гледаме утре – да создадеме нови спортски приказни!

ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!

ПретходноМилан Илоски со македонското знаме на градите му даде три гола на Меси (ВИДЕО)
СледноМакедонија се собра по повод пријателските мечеви со Босна и Турција