Тиквеш сезоната ја завршува на Арената во Скопје кај очајниот Работнички

31

Работнички ќе ја заокружи лошата сезона со домашен натпревар против Тиквеш во 33.коло од Првата фудбалска лига. Планот е да се забележи победа и да се освојат три бода на последниот меч пред своите гледачи.

„Ќе одиграме одговорно до крај, посакуваме да ги освоиме трите бода. Верувам дека со добар пристап можеме да стигнеме до успех“, вели тренерот Муарем Муарем.

Ова е натпревар кој нема никакво резултатско значење за домаќинот додека кавадарчани со евентуална победа сезоната ќе ја заврши на петтата позиција.

Тиквеш во престолнината доаѓа со серија од три настапи без пораз во кои само еднаш се радуваше на триумф и тоа на гостувањето против Македонија ЃП додека пред своите навивачи освојуваше по бод во соочувањата со Арсими и Пелистер.

Во двата дуели одиграни во досегашниот тек од првенството Тиквеш забележа победа на гостувањето во Скопје кога на теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски славеше со 2:0, а стрелци на головите беа Даниел Миловановиќ и Кристијан Стојкоски додека првиот на првиот меч во Кавадарци мрежите мируваа на двете страни.

Дуелот меѓу Работнички и Тиквеш почнува во 16 часот и 30 минути.

ПретходноАлегри: За жал, ова е спорт, мора да го прифатиме тоа!
СледноМилан Илоски со македонското знаме на градите му даде три гола на Меси (ВИДЕО)