Шкендија му кажа благодарам на Јетон Беќири

186

И официјално, Јетон Беќири не е повеќе тренер на екипата на Шкендија од Тетово.

Предмалку клубот излезе со официјално соопштение во кое му се заблагодарува на искусниот стратег за соработката и за успесите кои што му ги донесе на тимот.

Сепак, и покрај успехот во Европа и влезот во групната фаза од Конференциската лига, а потоа и во елиминационата фаза од ова натпреварување, сепак, Шкендија под водство на Беќири не успеа да ја одбрани титулата освоена минатата сезона, а го загуби и финалето во Купот на Македонија од Силекс.

Па така, клубор се одлучи да замине во друг правец и да не ја продолжи соработката со Беќири.

ПретходноГатузо ќе биде новиот тренер на Лацио, го менува Сари кој пак заминува во Аталанта
СледноУрнат рекордот на Никола Јакимовски, Јавор продаде играч за 2.2 милиони евра