Добри вести за У21 таборот…. Матеј Гаштаров ќе биде дел од дуелот со Бугарија

63

Македонскиот национален тим до 21. година го закажа дуелот со Бугарија на 30 мај на гостински терен во Софија на стадионот Бистрица.

Селекторот Горан Станиќ веќе го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за овој меч, а под знак прашалник беа интернационалците Матеј Гаштаров, односно Димитар Трајков поради клупски обврски.

Сепак, денеска пристигнува информацијата дека Гаштаров сепак ќе биде достапен и ќе настапи на овој дуел, додека за Трајков ќе биде познато во текот на денов.

Собирот на У21 репрезенатцијата е закажан за в среда во хотелот Холидеј Ин во Скопје.

 

ПретходноНасмевките во националниот тим најавуваат добра атмосфера пред Босна и Турција (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМакедонија У19 со домашен двомеч против Словенија