Македонскиот национален тим до 19. години на чело со селекторот Димитар Капинковски утре и вчетврток закажа два домашни дуели против Словенија. Истите се играат во Струмица со почеток од 17:00 часот односно 12:00 часот за вториот дуел.
Селекткорот Капинковски за овој дуел имаше мали проблеми да го состави ростерот од повеќе причини.
Назиф Цека од Шкендија откажа поради повреда. Дополнително е повикан, Стефан Стаматоски од Вардар.
Поради клупски обврски односно бараж дуели настапот за националниот тим го откажаа играчите дел од играчите на Брера, но и на Пелистер и Тетекс поради бараж средбите, а Работнички и Силекс денеска имаат ПМФЛ обврски.
Голмани:
Александар Трајков Брера
Антони Трајков Вардар
Одбрана:
Стефан Секирски Новаци
Виктор Мачоски Брера
Стефан Јорданоски Вардар
Филип Цветковски Вардар
МАтео Кесиќ Јединство
Андреј Димовски Брера
Албан Рочи Струта ТЛ
Среден ред:
Матео Киш Работнички
Валмир Хамити Работнички
Лука Варошановски Кожуф
Лорент Жаку Работнички
Напад:
Флори Иљази Шкендија
Стефан Бранковски Марибор
Иван Танчев Брера
Иво Марковски Вардар
Флорент Османи Арсими
Матеј Сејменов Брера
Ристе Милев Брера
Мартин Џангаровски Македонија ЃП










