Николиќ не е веќе играч на Силекс, на 37 години стави крај на кариерата!

71
ФОТО:.facebook.com/fcsileks

На денешниот натпревар во рамките на последното коло, на гостувањето кај Македонија ЃП, дресот на Силекс за последен пат го облече Милош Николиќ, кој по четири сезони минати во клубот од Кратово, става крај на својата играчка кариера и тоа 37 години.

Николиќ во изминатите четири години остави значаен белег во клубот, носејќи искуство, лидерство и професионализам на теренот и надвор од него. Во „сино-црвениот“ дрес запиша над 100 настапи.

Кратовци му заблагодаруваат за секој настап, секоја борба и секој момент поминат во градот и во клубот и му посакуваат многу здравје, среќа и успеси во новото животно поглавје.

ПретходноГи знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)
СледноАгон Елези го “реши“ вечното сараевско дерби, претходно доби признание од фановите на Сараево!(ВИДЕО+ФОТО)