Шампионот и официјално го претстави новиот тренер: Добредојде Фабиани!(ВИДЕО)

159

Од денеска и официјално во Вардар почнува нова ера, барем кога е во прашање тренерската позиција. Попладнево раководството на клубот и официјално го промовираше Кристијан Фабиани за нив стратег, за наследник на трофејниот Гоце Седлоски кој сега целосно се насочува кон обврските во репрезентацијата.

Добредојде Фабиани“ му посака Вардар на својот нов шеф на струката.

Јасно е дека Аргентинецот и тоа како ќе има неблагодарна задача. Како прво мора да има успешен настап во Европа, а потоа да оди и да ја освои двојната круна следната сезона, или во најмала рака да дојде до нова титула во ПМФЛ.

Колку ќе успее и дали Вардар под негово водство ќе остане шамион, останува да се види. Сепак наследството на Седло е големо.

Фабиани е амбициозен, во Скопје и во Вардар е веќе неколку месеци и интеннзивно го учи македонскиот јазик.

На потег е Фабиани!

ПретходноМиодраг Тодоровиќ: “Честитки за МЗТ на титулата, а Маџари само што почна, најдоброто допрва следи!“
СледноБашкими со -30 бода! Сонот на Работнички и мизеријата која ги однесе во Втора лига!