Фудбалската репрезенатција на Македонија на чело со селекторот Гоце Седлоски, денеска ги стартуваше подготовките за она што следува за нас. А тоа се пријателските мечеви против репрезенатциите на Босна односно Турција, селецкии кои ќе бидат дел од следниот Мундијал во САД, Мексико и Канада.
Нашиот состав денеска и официјално ги започна мини подготовките. Ќе биде присутен во Скопје до четврток кога се лета за Сараево, и на 29 мај се игра дуелот против домаќинот на стадионот Асим Ферхатовиќ Хасе во 20:30. По тој меч директно се лета за Истанбул каде што со Турција на 1 јуни играме на стадионот Шукру Сарачоглу.












