И официјално, Јетон Беќири не е повеќе тренер на екипата на Шкендија од Тетово.
Предмалку клубот излезе со официјално соопштение во кое му се заблагодарува на искусниот стратег за соработката и за успесите кои што му ги донесе на тимот.
Сепак, и покрај успехот во Европа и влезот во групната фаза од Конференциската лига, а потоа и во елиминационата фаза од ова натпреварување, сепак, Шкендија под водство на Беќири не успеа да ја одбрани титулата освоена минатата сезона, а го загуби и финалето во Купот на Македонија од Силекс.
Па така, клубор се одлучи да замине во друг правец и да не ја продолжи соработката со Беќири.















