Пионерките на Наковски Волеј со шампионски финиш

40

По кадетската екипа и пионерките на Наковски Волеј се шампиони во својата возрасна категорија.

На финалниот турнир кој викендов се одржа во салата „Невена Георгиева – Дуња“ во Скопје, во одлична организација на Фламинго Волеј, одбојкарките на Наковски со 3:0 (25:11, 25:20, 25:22) ги совладаа врсничките од Форца Волеј ЕМА.

Претходно во полуфиналето Наковски Волеј со 2:0 (25:19, 25:20) славеше над Фит Фан Волеј, додека Форца Волеј ЕМА во два сета (26:24, 25:21) се радуваше против домаќинот Фламинго Волеј.

Во мечот за третото место Фит Фан Волеј беше подобар од составот на организаторот.

Со финалниот турнир во женска пионерка конкуренција беше комплетирана и сезоната 2025/2026 во сите возрасни категории во организација на Одбојкарската федерација на Македонија.

ПИОНЕРКИ, ФИНАЛЕН ТУРНИР

ПОЛУФИНАЛЕ

Фламинго Волеј – Форца Волеј ЕМА 0:2 (24:26, 21:25)

Наковски Волеј – Фит Фан Волеј 2:0 (25:19, 25:20)

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

Фламинго Волеј – Фит Фан Волеј 0:2 (14:25, 18:25)

ФИНАЛЕ

Форца Волеј ЕМА – Наковски Волеј 0:3 (11:25, 20:25, 22:25)

ПретходноГана дефинитивно без Мохамед Кудус на Мундијалот
СледноЈован Манев се врати во репрезентацијата: Подготвени сме за БиХ и Турција