Селективен У20 камп за машката национална селекција, повикани интернационалци од САД, Холандија, Италија…

94

По завршувањето на финалниот тунир од М20 лигата, следуваат нови активности, оние националните, за најдобрите млади кошаркари во нашата земја.

Во периодот од 3. до 6. jуни, стручниот штаб на машката репрезентација „Под 20“ години ќе одржи низа селективни тренинзи, со цел комплетирање на ростерот на играчи кои ќе настапат на Европското првенство, Дивизија„ Б“, кое ќе се одигра во Братислава, во периодот од 10. до 19. јули оваа година.

Тренинзите ќе се одржуваат секој ден, со почеток од 10:00 часот, во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

Теодор Нановски – Литванија

Борјан Китановски – САД

Илин Најков – САД

Давид Петрушевски – Италија

Меглен Гелевски – Холандија

Христијан Несторовски – Тиквеш ГИ

Јордан Кузманов – Кожув

Ристе Букршлиев – Кожув

Бојан Величковски – Ангели

Дино Лазарев – Ангели

Амар Грбовиќ – Феникс 2010

Горазд Митев – Водно Санс

Христијан Ванчов – Водно Санс

Сергеј Петровиќ – Гостивар

Бранислав Давитковски – Работнички 2018

Максим Трајковиќ – Работнички

Матеј Велковски – МЗТ Скопје Аеродром

Стефан Серафимовски – МЗТ Скопје Аеродром

Марко Аврамовски – Вардар

Матеј Митревски – Вардар

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 33.КОЛО: Величковски броеше до четири!
СледноГавриловиќ го скрати списокот, со 16 одбојкарки на пријателскиот двомеч со Косово