Гавриловиќ го скрати списокот, со 16 одбојкарки на пријателскиот двомеч со Косово

30

На десет дена пред почетокот на Европската лига 2026, селекторот Милош Гавриловиќ го скрати списокот на 16 репрезентативки кои ќе ги има на располагање за пријателскиот двомеч со Косово на 29 и 30 мај.

Три дебитантки, одбојкарката на Газели Волеј, Даниела Горбок и средните блокерки на Младост УГД, Стефанија Кипријановска и Андреа Митиќ, влегоа во потесниот избор, а по подолга пауза на „скратената“ листа е и Мила Дикова. Останатите имиња се добро познати и го носеа товарот и на претходните акции.

Дамите влегуваат во завршната фаза од подготовките за Европската лига 2026, а на крајот на оваа недела ќе се одиграат и контролните натпревари со Косово, кои треба да дадат слика за досега сработеното.

Првиот меч со Косово се игра во Скопје, во СЦ „Форца“ на 29 мај (петок), додека вториот натпревар се игра ден подоцна на гостински терен во Скендерај.

 

ПретходноСелективен У20 камп за машката национална селекција, повикани интернационалци од САД, Холандија, Италија…
СледноАндреј Георгиев во следните три години дел од Е.Пелистер 2