Миленко тргна против тренерите што сам ги ставаше, па Захариевски му врати: Човек од сточарството, за кого топката се уште е рамна

442

Само што заврши неговата „битка“, (а можеби само што започнала), против ФФМ, Шкендија, Тиквеш, Пелистер, се останато во ПМФЛ шампионатот, првиот човек на ФК Вардар, Миленко Неделковски, денеска, во наплив на нова инспирација на тоа кој се му е виновен, односно заслужен за успехот на сега веќе шампионот, се дрзна на сопствениот профил на социјалните мрежи да го искоментира, пазете сега, сопствениот избор на тренери кои што се променија во ФК Вардар периодов.

Па така, Неделковски смета дека Гоце Седлоски, човекот со кој што и ја освои титулата Вардар, е како што сам вели „бог и шеширџија“ за Горазд Михаилов, Срѓан Захариевски и Горан Петревски, претходниците на Седлоски на клупата на „црвено – црните“.

Откако Неделковски го даде своето мислење, за инаку трофејните Михаилов и Захариевски, вториов се одлучи исто така преку социјалните мрежи да му возврати.

„Почестен сум од денешната споредба, особено кога доаѓа од човек од сточарството за кој фудбалската топка сѐ уште е рамна. Мојата фудбалска биографија е беспрекорно чиста, со многу успеси како фудбалер и како фудбалски тренер во последните 14 години и така ќе остане. Јас верувам во еден Господ, а ти и твоите повеќе богови не се плашите од правда (зашто ја нема и тоа лично сум го осетил), ама на крајот на денот кармата стига кај секого.
Вардар е на ниво на држава и е над сите нас и ова ќе го надживее.“ – напиша Захариевски.
Е сега, бидејќи Неделковски е така ревносен, брз и активен на социјалните мрежи како „средношколка на матура“, „на седумдесе и кусур“ години, а и стручен е очигледно да коментира сериозни македонски тренерски имиња кои што освојувале титули, играле Европа и се многу ценети, очекуваме за многу кратко да има контра реплика на Захариевски.
Освен ако нема пауза за ручек како во Парламентот па да треба да почекаме….

ПретходноРадовиш – Град со шампионска боречка традиција која трае повеќе од половина век
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 33.КОЛО: Величковски броеше до четири!