Попладнево во Струмица, на стадионот во комплексот “Пандев“, нашата У-19 репрезентација во пријателски натпревар беше убедливо поразена од Словенија со 1:3. Единствениот гол за нашите надежи беше дело на Иво Марковски, играч на Вардар.
Гостите од Словенија поведоа со 0:1 во 26.минута од мечот. Во 32.минута веќе беше 0:2 за Словенците. Марковски намали на 1:2 со голот во 41.минута, резултат со кој се замина на пауза.
Во продолжение од средбата, во таа 73.минута гостите погодија за конечни 1:3.
Вториот пријателски меч со Словенија се игра во четврток.










