У-19: Македонија со убедлив пораз од Словенија

93

Попладнево во Струмица, на стадионот во комплексот “Пандев“, нашата У-19 репрезентација во пријателски натпревар беше убедливо поразена од Словенија со 1:3. Единствениот гол за нашите надежи беше дело на Иво Марковски, играч на Вардар.

Гостите од Словенија поведоа со 0:1 во 26.минута од мечот. Во 32.минута веќе беше 0:2 за Словенците. Марковски намали на 1:2 со голот во 41.минута, резултат со кој се замина на пауза.

Во продолжение од средбата, во таа 73.минута гостите погодија за конечни 1:3.

Вториот пријателски меч со Словенија се игра во четврток.

ПретходноГРК Охрид со победа против Тиквеш се “загреа“ за историскиот реванш со Татабања!
СледноБосанците во мир тренираат и го чекаат дуелот со Македонија