Вардарци победнички ја завршија шампионската сезона!

79

РК Вардар стави победнички печат на сезоната во која се врати на врвот после пауза од три години. „Црвено-црните“ дојдоа до 16-тата титула во својата историја. Иако овој натпревар требаше да се одигра на теренот на Бутел Скопје, сепак во договор на двата тима, истиот беше закажан во СЦ „Јане Сандански“ се со цел, Вардар пред своите навивачи да го подигнат пехарот.

Во последниот меч од плеј-офот на домашен терен го совладаа тимот на Бутел Скопје со 34-36 (19-17). За Горан Кузманоски ова беше последен меч на клупата на „бутелци“, тој следната сезона се сели во Кипар, на неговото место доаѓа Стојанче Стоилов.

Скопската пресметка беше меч без резултатско значење, но двата тима се бореа да дојдат до бодовите. Избраниците на Горан Кузманоски го имаат водството до 46-та минута, по која Вардар со голот на Пинто поведе со 30-31. Од овој момент фаворитот полека, но сигурно го градеше патот кон победата.

Митровиќ имаше шест гола, додека Валах 11 одбрани кај победникот. На другата страна Михајловиќ и Тодор Узунчев постигнаа по осум гола.

ПретходноКуман не ги зеде Де Врај и Фримпонг во тимот со кој оди на Светско
СледноКузманоски со емотивна порака: Фала ви многу за сѐ, вие сте за мене шампиони!