Кузманоски со емотивна порака: Фала ви многу за сѐ, вие сте за мене шампиони!

135

Горан Кузманоски денеска го имаше последниот меч како тренер на Бутел Скопје. Селекторот на кадетската репрезентација следната сезона се сели во Кипар во екипата на Строволу, а на негово место доаѓа Стојанче Стоилов.

Кузманоски и неговите момци во последното коло во плеј-офот ги одмерија силите со новиот првак, Вардар 1961, а стратегот на „бутелци“ може да биде задоволен од она што го постигнаа.

Па токму затоа пред крајот на самиот меч тој повика тајм-аут. Кузманоски ја кажа најсилната реченица.

„Фала ви многу за се, вие сте за мене шампиони оваа сезона“, рече Кузманоски.

ПретходноВардарци победнички ја завршија шампионската сезона!
СледноШампионско крунисување: Вардар го крена шампионскиот пехар (ФОТОГАЛЕРИЈА)