Одлични вести за ПСЖ пред финалето во ЛШ: Двајца клучни играчи тренираат со тимот

36
Фото: ФЦ ПСЖ

Фудбалерите на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле и Ашраф Хакими, завршија целосен тренинг за францускиот шампион четири дена пред финалето на Лигата на шампионите против Арсенал во Будимпешта.

Дембеле, освојувачот на Златната топка минатата година, заработи повреда на десната потколеница за време на последниот натпревар од Лига 1 против градскиот ривал Париз. Француските медиуми претходно објавија дека неговиот настап во финалето на Лигата на шампионите, каде што ПСЖ ќе ја брани минатогодишната титула, не е доведен во прашање.

Мароканецот Хакими го повреди бутниот мускул на десната нога во полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн. Настапот на 27-годишниот Хакими до вторник беше многу под знак прашалник, но нормалниот тренинг им дава надеж на навивачите на Париз дека Хакими би можел да игра и против англискиот шампион.

Финалниот натпревар на Пушкаш Арената во Будимпешта ќе се игра во сабота со почеток во 18:00 часот.

ПретходноЗаслужено: Микел Артета е менаџер на годината во ПЛ!(ФОТО)
СледноОдбојкарите веќе се во Подгорица, утре и в петок ќе “тестираат“ со Црна Гора!