Ѓоковиќ се помачи, но обезбеди трето коло на Ролан Гарос

46
фото: Novak Djokovic @DjokerNole (X)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Французинот Валентин Ројар во второто коло на Ролан Гарос со 3:1 (6:3, 6:2, 6:7, 6:3) и се пласираше во третиот круг од натпреварите на вториот Грен Слем оваа година.

По првите два добиени сета, во третиот видовме драма која Французинот ја реши во своја полза во тај-брејкот. Дури и во тај-брејкот беше неизвесно до самиот крај, каде што Ѓоковиќ имаше предност од 3:0, но на крајот Ројар победи со 9:7.

Освојувачот на 24 трофеи од Гренд слем турнирите ќе игра против Жоао Фонсека или Дино Прижмиќ во следната фаза.

ПретходноБутел со „шампионски шпалир“ го пречека Вардар (ВИДЕО)
СледноЛацио и Сари ја завршија соработката, доаѓа Гатузо