Пред почетокот на денешниот последен натпревар од оваа сезона во Суперлигата, ракометарите на Вардар беа пречекани со шпалир од страна на противникот, екипата на Бутел во салата „Јане Сандански“. Денеска „вардарци“ и официјално ќе го добијат шампионскиот пехар од РФМ за шампионската сезона во домашниот шампионат.










