Е. Пелистер го доби дербито со Алкалоид за второ место на крај на сезоната

152

Ракометарите на Е. Пелистер славеа на последниот меч сезонава против Алкалоид со 31:26 и успеаја да го освојат второто место на табелата во домашниот шампионат.

Сега веќе екс-шампионот успеа да го добие дербито кое значеше пласман на второто место, иако има идентичен број на бодови со Охрид, но поради подобриот меѓусебен дуел битолчани обезбедија виза за Европската лига на ЕХФ.

Филип Кузмановски со седум гола беше најефикасен и најзаслужен за победата на Пелистер. Кај Алкалоид, Дамјан Митев постигна седум гола.

ПретходноГерсон Родригез дојде на прегледи и потпис со Вардар
СледноСараево заинтересиран за Омерагиќ