Според пишувањата на дел од медиумите во Босна и Херцеговина, најдобриот стрелец во составот на шампионот Вардар, Азер Омерагиќ, би можел да се пресели во редовите Сараево.
Тимот каде минатата сезона веќе настапуваа двајца македонски интернационалци, Елези и Ристовски, би можел да добие уште едно засилување од нашата земја. Сараевчани се надеваат дека до договор може да дојде.















