Новак објасни зошто никогаш нема да биде тренер!

228
ФОТО:.facebook.com/RolandGarros/

Вчера Новак Ѓоковиќ имаше посебна поддршка на Ролан Гарос .Младиот грчки тенисер Рафаел Пагонис навиваше за него од трибините.
Момчето има 13 години и неколку пати тренираше со Ѓоковиќ во Атина. Последен пат беа на теренот заедно пред еден месец, кога Србинот се подготвуваше за сезоната на земјена подлога.
Новак објасни дека им дал целосна поддршка на семејството Пагонис и рекол дека можат да го прашаат за секаков совет.
И ова не е прв пат Ѓоковиќ да има таков став кон своите помлади колеги – тој им помогнал на многумина на многу начини.

И кога го прашале дали размислува да започне тренерска кариера откако ќе заврши натпреварувачката кариера, тој кратко одговорил:
„Не“.
Потоа подетално објасни:
„Тренер – не, но дефинитивно некаков консултант, ментор и така натаму – да. Јас веќе го правам тоа, а кога ќе се пензионирам, ќе продолжам да го правам, бидејќи ме исполнува и сакам да пренесувам искуство, знаење. Барем тоа е мојата визија. Но, не се гледам себеси како патувам. Можеби ќе одам на еден, два, три турнири – но ова, цела сезона, не, заборави.“
Сепак, има некој што не би го одбил.
“Само ако мојот син каже: „Тато, сакам сега да ме тренираш…“ Или мојата ќерка, или кое било друго дете во семејството“, додаде Ноле.

ПретходноРадовиш подготвен за спектакл: Јубилејниот „Македонски бисер“ носи врвно борење и голема забава со Пајак
СледноМато си ги бара платите од Вардар