Одбојкарите денеска на прва контрола против Црна Гора

27

По скоро тринеделните подготовки, македонската машка одбојкарска репрезентација денеска ќе го одигра првиот пријателски натпревар во очекување на почетокот на Европската лига. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски денеска од 17:30 часот во спортскиот центар „Верде“ во Подгорица ќе имаат можност да го одиграат првиот контролен меч со селекцијата на Црна Гора.

За момците на Миленкоски денешниот и вториот пријателски меч закажан за утре со Црногорците ќе бидат единствените проверки на формата пред она што не чека во првиот викенд во јуни во Струмица. Миленкоски го направи финалниот избор на 16 одбојкари кои ќе се борат за место на дуелите со Холандија и Луксембург, со кои го отвораме годинешното издание на Европската лига, кое има и квалификациски карактер за пласман на Евроволеј 2028.

Во изборот на Миленкоски за денешниот дуел со Црна гора се тројца техничари: Ѓорѓи Ѓоргиев, Давид Стојанов и Лука Ристоски, коректори: Никола Ѓоргиев и Кристијан Илијев, примачи: Владо Милев, Александар Љафтов, Лука Костиќ, Стојан Илиев и Тоше Ефремов, средните блокери: Филип Маџунков, Филип Савовски и Митко Спасов, како и либерата: Костадин Ричлиев, Ване Арапов и Филип Јованов.

ПретходноДоговорот со Севиља пропадна: Серхио Рамос имал најлоша понуда?!
СледноПродолжена успешната соработка помеѓу Македонската кошаркарска федерација и Клиниката „Жан Митрев“