Дробаров и официјално си замина од Черно Море

62

Искусниот дефанзивец Влатко Дробаров и официјално ја завршува својата веројатно најуспешна авантура во фудбалската кариера, а тоа е престојот во бугарскиот тим Черно Море.

Сега веќе 33. годишниот поранешен младински репрезентативец на Македонија имаше одлични настапи во тимот од Бургас, но ете на се има крај па и на неговиот престој таму.

Сепак, со оглед на минутажата која што Дробаров ја имаше во последните неколку сезони, а истата беше речиси 100% во дресот на Черно Море, тој за многу бргу ќе има нова дестинација односно ќе се дознае неговиот нов клуб.

 

ПретходноСловенија ги прегази нашите надежи во Струмица
СледноСпорт, другарство и радост: Велес домаќин на незаборавен „Ден на спортот“ (ФОТО)