Одбојкарите одиграа четири сета со Црна Гора, поделија по два

32

Првиот од двата контролни меча за нашата одбојкарска репрезентација против селекцијата на Црна Гора траеше четири сета и заврши без победник, 2:2. Селекторите се договорија да го искористат дуелот за да пробаат повеќе варијанти во играта, пред она што не чека во Европската лига 2026.

По сетови мечот во Подгорица заврши вака: (15:25, 25:16, 14:25, 25:18).

Селекторот Јошко Миленкоски им даде шанса на сите одбојкари кои ги имаше на располагање, комбинираше во поставата и пробуваше тактички варијанти.
Вториот натпревар се игра утре попладне (18 часот) исто така во Подгорица.
ПретходноНашите репрезентативци го одржаа официјалниот тренинг пред дуелот со БиХ (ФОТО+ВИДЕО)
Следно„Златната топка“ оваа година за првпат ќе се додели во Лондон