Шок во Париз: Јаник Синер елиминиран од Ролан Гарос

414

Првиот тениески рекет на светот, италијанецот Јаник Синер, сензационално е елиминиран на Ролан Гарос, легендарниот Гренд Слем турнир кој што е во тек во моментов.

Синер неичекувано загуби од аргентинецот Хуан Мануел Серундол со конечен резултат, 3:6, 2:6, 7:5, 6:1, 6:1, и го остави во шок тенискиот свет затоа што се најавуваше негов атак на титулата.

Фаворитот имаше речиси добиен меч со водство од 5:1 во третиот сет, а потоа неочекувано играчки но пред се физички се распадна буквално. Очигледна беше болката која што ја имаше во стомакот, предизвикана од грчеви, што едвај се движеше.

Тоа аргенцинецот и тоа како го искористи, освојувајќи 18 од последните 20 гемови.

Синер е првиот рекет број еден кој што испаднал во првите две кола на Ролан Гарос по Андре Агаси во 2000 година.

 

 

ПретходноМато си ги бара платите од Вардар
СледноДоналд Трамп ќе влезе во историјата на НБА!