Во пресрет на вечерашниот пријателски дуел помеѓу репрезентациите на Босна и Македонија кој што вечерва ќе се одигра во Сараево, на стадионот Кошево, раководните структури на двете репрезентации имаа официјална средба.
На истата, срдечно и гостопримливо нашиот фудбалски врв беше пречекан од домаќините. Беше разговарано на повеќе теми, и секако ги спои двете пријателски земји уште повеќе.
„Секогаш е убаво кога фудбалот спојува луѓе со меѓусебна почит и искрено пријателство.
Одлична средба со пријателите од Фудбалската федерација на БиХ, предводени од Вицо Зељковиќ.
Благодарност за гостопримството во Сараево. На БиХ и посакувам многу успех на Светското првенство, да ја претставуваат државата гордо и достоинствено“ – напиша претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.










