Вечерва од 20:30 часот, репрезентациите на БиХ и Македонија ќе одиграа пријателска средба. Најавите се дека “Кошево“ ќе биде преполно, а домашните фанови и тоа како ја загреаја атмосферата во Сараево непосредно пред стартот на натпреварот.
Имено атмосферата во главниот град на Босна и Херцеговина е на највисоко ниво уште од утринските часови.
Навивачите на БиХ веќе ги „преплавија“ улиците на Сараево и меѓу нив владее голема еуфорија. БХФанатикос дополнително ја разгореа атмосферата во Сараево со кортео,кое можете да го погледнете…










