Само во Србија: „Мојот брат се жени, нема потреба да доаѓам во репрезентација!“

166
ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB

Селекторот на Србија, Вељко Пауновиќ се обрати на јавноста пред натпреварите на „Орлите“ со Зелено’ртските Острови (недела) и Мексико (од четврток кон петок навечер).
Избраниот тим на тренерот Вељко Пауновиќ започна со работа во добра атмосфера, а првиот ден тренерскиот штаб стави акцент на полесен процес на тренирање и постепена адаптација на играчите по тешката и долга сезона. Со оглед на фактот дека официјалниот рок на ФИФА започнува на 1 јуни и дека клупската сезона во некои земји сè уште не е завршена, играчите, поради обврските кон своите клубови и со согласност на селекторите, ќе пристигнат во Стара Пазова во фази во текот на оваа недела и ќе се приклучат на репрезентативните активности.
За време на конференцијата, Вељко Пауновиќ беше прашан и за отсуството на Андреј Илиќ од списокот:

Тој беше како сите други, беше на поширок список. Поточно, не можеше да дојде. Не разбирам зошто прашувате за него? Ќе ви ја прочитам неговата порака, не ми се допаѓа што го правам ова, но…
Тој вели: Не мислам дека има потреба да доаѓам за виза, нема да можам да присуствувам на следниот собир. Тешка сезона е, мојот брат се жени на 30 мај“
.

ПретходноКузмановски открива кој би преживеал како земјоделец и кој може да заспие во трактор (ВИДЕО)
СледноБосанските фанови ја “загреваат“ атмосферата пред мечот со Македонија!(ВИДЕО)