Вечерва официјален натпревар: Одбојкарите на финална „контрола“ против Црна Гора

47
фото: OSCG

По вчерашниот спаринг дуел кој заврши нерешено 2:2 во сетови, одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва (18:30 ч.) ќе одигра и официјален контролен натпревар со селекцијата на Црна Гора во Подгорица.

На вчерашниот дуел за наша несреќа се повреди Љафтов, кој останува да се види колку време ќе мора да паузира поради повредата на скочниот зглоб. Селекторот Миленкоски вечерва во салата „Верде“ ќе има можност на официјален меч со домаќините да направи последна контрола на силите пред првите пресметки со Холандија и Луксембург кои не очекуваат во Европската лига.

На вчерашниот прв меч капитенот Никола Ѓоргиев беше најефикасен со 24 поени, Филип Маџунков и Стојан Илиев имаа по седум поени.

ПретходноПознат е комплетниот стручен штаб на Фабиани во Вардар!
СледноСпектакл на „Кошево“: Македонија се “загрева“ за Лига Нации, а БиХ за претстојниот Мундијал!