Леонида Гроздановска со нов одличен резултат за Македонија на Светскиот куп во Грција

42

На вториот натпреварувачки ден од Светкиот куп што се одржува во Солун, Грција, нашата преставничка во коњички спортови, Леонида Гроздановска, со грлото „No limit“, од коњичкиот клуб, „Анималс“, го освои второто место во сениорска конкуренција,  во дисциплината 1.25 метри.

Ова секако дека е огромен резултат, не само за самата Гроздановска, за коњичкиот клуб „Анималс“, туку и за целито спорт во Македонија, затоа што реално овие резултати се новитет за нас како држава.

Да се потсетиме дека на вчерашниот натпреварувачки ден, Матеа Димовска исто така освои второ место во својата конкуренција, што е одличен резултат на светско ниво.

Утрешниот ден исто така е натпреварувачки и да се надеваме дека ќе донесе нов добар резултат на нашите претставнички, кои што се надеваме дека ќе подигнат пехар и во нивно име ќе се пее македонската химна и ќе се вее македонското знаме на овој куп.

 

ПретходноГлазнер има супер понуда и 100 милиони евра за засилувања!
СледноФМП го “спакува“ Партизан, и инцидент во кој учествуваа двајцата тренери! (ВИДЕО)