Селекторот на одбојкарките верува во напредок: Потребно е време!

38
Фото: ОФМ/Вангел Тануровски

Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби (со по 3:1) и на двата пријателски натпревари со селекцијата на Косово, кои ги одигра во подготвителниот период за учеството во Европската лига 2026.

Ова беа први „тестови“ за екипата откако пред 15-тина дена ја превзема новиот селектор Милош Гавриловиќ, за кого овие два натпревари беа и тоа како добредојдени и кои на комплетниот стручен штаб, но и на репрезентативките им дадоа слика и насоки за текот на темпирањето на формата.

„Добро ни послужија овие два пријателски натпревари со Косово за да видиме до каде сме во процесот на работа. Неполн месец е екипата заедно и со мене како нов селектор и јасно е дека уште не ни е усовршен системот, а за тоа е потребно време. Имавме и позитивни и негативни работи. Добро е што има борба, желба и игра, девојките се оптимисти и веруваат во работата и процесот. Од друга страна се виде и дека не се почитува договореното – тоа е нешто на што ќе мора да работиме, потребно е повеќе внимание да посветиме на блокот и одбраната, на сервисот… Има напредок од првиот ден до сега, но не чека уште многу работа. Сепак, најважно е дека имаме визија и желба и она на што ќе се посветиме овие неколку дена до првиот натпревар во Европската лига се корекција на овие елементи, како и подобро воигрување на екипата и подготовка за првиот противник“, објаснува селекторот Гавриловиќ.

Репрезентацијата до четврток ќе тренира во Скопје, додека в петок рано наутро патува за Порто, каде викендот 6 и 7 јуни ги игра првите два натпревари од Европската лига 2026.

ПретходноДуња Иванова обезбеди директен настап на СП во МТБ маратон!
СледноГубиме на полувреме во Истанбул: Турција ја покажува силата против Македонија (ВИДЕО)