Децата им покажаа на ДЕЧИШТАТА како се слави Вардарова титула (ВИДЕО)

304

Одличен тајминг на финалињата во младинскиот Куп на Македонија. Во ист ден кога Дисциплинската комисија при ФФМ изрече ригорозна казна на сениорскиот тим на ФК Вардар за скандалозното славење на титулата, и сквернавењето преку недолична песна на името на поп македонската дива Каролина Гочева.

Од друга страна пак, денешни хероји, меѓу другите, се помладите пионери на ФК Вардар кој што го освоија Купот на Македонија во својата конкуренција со убедливи 3:0 против вечниот ривал Пелистер.

По финалето заслужено славје. По скопски терк, во кафана, со пехарот на чело.

„Во градот Скопје има само еден клуб“… пејат младите Вардарци гордо држејќи го пехарот. Не пејат против Пелистер, туку пејат за Вардар. Нешто што нивните идоли од сениорскиот тим каде што децата се стремат да стигнат треба допрва да го научат.

ПретходноПомладите пионери на Вардар триумфираа во Купот
СледноШпанците утре без тројца репрезентативци против Ирак