За фаворитската улога на Холандија на утрешниот премиерен меч од новото издание на Европската лига 2026 против нашата одбојкарска репрезентација, веројатно и не треба да се зборува. Доволно е само да се погледнат последните три меѓусебни натпревари на овие две репрезентации кои „лалињата“ ги добија со максимални 3:0.
Македонија утревечер (19 ч.) ќе ја пречека Холандија во салата „Парк“ во Струмица на почетокот на силното репрезентативно натпреварување, кое оваа и следната година ќе има и квалификациски карактер. Имено, дел од селекциите од Европската лига ќе добијат билет за настап на ЕП во 2028 година.
Нашите одбојкари утрешниот меч го очекуваат во добро расположение, иако селекцијата е сериозно ослабена со неиграњето на првиот примач Александар Љафтов, кој се повреди на првиот од двата тест-меча со Црна Гора во Погодорица. Струмичани се на потег да ги исполнат трибините во „Парк“ во доволен број и да им дадат „ветар во крила“ на нашите момци да се обидат да направат големо изненадување.
Македонија добро ја памети и 2010 година кога во квалификациите за ЕП 2011 успеавме во Скопје да ја победиме Холандија со 3:2.










