Прва победа: Македонија не пропушти шанса за триумф над Луксембург

136
фото: CEV.eu

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија ја оствари првата победа во Европската лига 20206, откако вечерва во четири сета славеше над селекцијата на Ликсембург во последниот меч од првиот турнир во натпреварувањето.

МАКЕДОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ  3:1 (23:25, 25:21, 25:20, 25:13)

Вечерва во Струмица видовме натпревар со две лица на Македонија. По поразот од Холандија како да се чусвтвуваше некоја несигурност меѓу момците на Јошко Миленкоски и по една резултатска „нишалка“, дозволивме Луксембург да го освои стартиниот сет на изненадување на сите во салата „Парк“ во Струмица.

Во вториот и третиот сет се обидувавме да излеземе од тој грч и конечно да ја покажеме нашата вистинска игра. Полека се разбудија нашите поентери, Никола Ѓоргиев, Милев и Савовски, кои не понесоа на патот кон пресврт. Вториот и третиот сет ги освоивме прилично комотно во финишот, а вистинската сила ја покажавме во четвртиот сет, кога комплетно ги разоруживме противниците.

Предводени од Никола Ѓоргиев кој реализираше 30 поени, Македонија заминува на вториот турнир со една победа и еден пораз. Вечерва одлични во нашиот тим беа и Савовски со 11, Милев со 8 и Костиќ кој заврши со 7 поени.

Следниот викенд Македонија оди на турнирот во Глифада, каде освен со домаќинот Грција, не очекува и дуел со Исланд.

ПретходноЕриксен е добро, навреме се вклучил песмејкерот
СледноБразил остана без Весли, Анчелоти го повика Едерсон