Мец испиша историја – го освои првиот пехар во ЛШ

31
Фото: Мец Х

Екипата на Мец е победник во финалето на Лигата на шампиони во женска конкуренција, откако после голема драма го победи Ѓер со 29-31.

Финалето се одигра пред 20.022 гледачи, израмнувајќи го светскиот рекорд за натпревар во женски клубови претходно поставен на „ЕХФ Фајнл-фор 2023“.

Најдобра ракометарка кај победниците беше извонредната Сара Буктит со 12 гола, а на спротивната страна, седум погодоци имаше Бразилката Алмеида Де Паула.

ПретходноАлжир не чекаше да заврши СП: Петковиќ со нов селекторски договор до 2028