Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија утрово пристигна во Аликанте, Шпанија, каде во петок и сабота ја очекуваат уште два настапи во годинешното издание на Европската лига 2026. По првите два убедливи порази на турнирот во Порто од Португалија и Унгарија, избраничките на селекторот Гавриловиќ ги очекува уште потежок викенд.
Шпанија и Азербејџан важат за исклучително квалитетни селекции кои на првите турнири веќе ги остварија планираните победи. Шпанките нанижаа два триумфа над Босна и Херцеговина и Косово, додека селекцијата на Азербејџан славеше против Естонија, но изненадувачки загуби од Шведска.
Нашите одбојкарки денеска ќе почнат со тренинзи во Аликанте. За попладнево Гавриловиќ го закажа првиот тренинг, а два тренинга ќе имаме и во следните два дена, до петочната пресметка со домаќинот Шпанија.
Статистички, по првите два меча во Порто, Андротеа Милевска е наш најдобар поентер со 13 реализирани поени, а Јонузи и Стојковска имаат по два блока. Оваа статистика ќе мора да се потрудиме значително да ја поправиме на следните две пресметки, ако сакаме да оставиме многу посериозен впечаток пред одбојкарската јавност.










