Шампионот без проблеми против Борец, Струмица убедлива кај Сушево

1
фото: Одбојкарски клуб "Штип УГД" - Штип (FB)

Актуелниот шампион Штип УГД со убедливи 3:0 го совлада ГОК Борец во дуелот кој требаше да биде дерби на второто коло во групата А од Првата лига за мажи. Штипјани доминираа во сите три сета и не му оставија многу простор на противникот.

Максимална победа забележа и Струмица 47&72, која со 3:0 славеше на гостувањето кај Сушево. Работнички 71&22, пак, освои три бода против Универзитетот во Тетово, победувајќи со 3:1.

Во групата Б, Македонија Џио и Скопје се радуваа на гостински победи. Македонија Џио беше убедлива против Јанта Волеј со 3:0, додека Скопје го совлада тимот на Весна Пробиштип со 3:1.

Во градскиот дуел, Шкендија беше сигурна против Лирија и славеше со максимални 3:0.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 2. КОЛО

Второ коло – група А

Универзитет во Тетово – Работнички 71&22 1:3 (13:25, 25:22, 20:25, 19:25)

Сушево – Струмица 47&72 0:3 (16:25, 22:25, 14:25)

Штип УГД – ГОК Борец 3:0 (25:14, 25:19, 25:15)

Второ коло – група Б

Јанта Волеј – Македонија Џио 0:3 (17:25, 17:25, 18:25)

Весна Пробиштип – Скопје 1:3 (16:25, 20:25, 29:27, 20:25)

Шкендија – Лирија 3:0 (25:22, 25:20, 25:16)

ПретходноПМФЛ: Гаје и Ѓорѓиевски ја израдуваа Шкендија (ВИДЕО)