На само 34 години: Почина европската шампионка на 1500 метри

1

Ирската атлетичарка Сиара Магин, европска шампионка на 1.500 метри и двократна олимпијка, почина на 34-годишна возраст по битката со рак на дебелото црево. Тажната вест ја соопшти нејзиното семејство, потврдувајќи дека починала во неделата наутро, опкружена со најблиските.

Магин настапи на Олимписките игри во Рио 2016 и Токио 2020, а најголемиот успех го постигна во 2024 година, кога во Рим ја освои европската титула на 1.500 метри. Со тоа стана првата ирска европска шампионка во индивидуална атлетска дисциплина по легендарната Соња О’Саливен.

Во кариерата освои и европско сребро во 2022 година, бронза во 2016, како и сребрен медал на Игрите на Комонвелтот во 2022 година.

ПретходноБитолчани поразени во првиот меч во „Јане“: МЗТ Скопје А. им се врати на победите