ПМФЛ: Гаје и Ѓорѓиевски ја израдуваа Шкендија (ВИДЕО)

3

Брегалница – Шкендија (Т) 1:2 во вториот попладневен меч од 12.коло во ПМФЛ. Иако Шкендија не блескаше, сепак успеа да победи и да освои големи три бода со кои и по ова коло ќе биде лидер на табелата. А до трите бода тимот на Артим Положани дојде благодарение на Марко Ѓорѓиевски кој само што влезе, во таа 74.минута го постигна својот прв гол за Шкендија сезонава во ПМФЛ. Но и по одбранетиот пенал на Гаје во 90+4.минута, шутираше Николов. Претходно стрелаа Ндзенгуе за гостите и Стојкоски за “сините“.May be an image of soccer, football and text

А се тргна убаво за Шкендија. Имено се играше 3.минута кога гостите поведоа со 0:1 и тоа со голот на Ндзенгуе откако Красниќи убаво му асистираше. Ова за интернационалецот од Габон беше шести гол сезонава.

Во 19.минута Криезиу шутираше, но домашниот голман Јашар спаси гостите да поведат со 0:2.

Од тој момент па се до крајот на првиот дел Брегалница почна да игра, се ослободи од притисокот и реално беше подобар тим. Мартин Стојанов во 25.минута прекрасно шутираше, но Гаје со фантастична парада го спаси својот гол.

Потоа во два наврати Максимов и Глигоров не стигнаа да ја затресат гостинската мрежа.

И конечно израмнување. Се играше 39.минута кога Стојкоски со прекрасен гол успеа да донесе 1:1.

Со тој резултат се замина на одмор, само да кажеме дека пред голот на Стојкоски, Тамба имаше зицер ама Јашар со одлична одбрана не дозволи нов гол за Шкендија.

Само што започна второто полувреме Глигоров имаше супер шанса, но Гаје брани. Домашните имаа уште два опасни закани кон гостинскиот гол, а Шкендија во 70.минута преку Тамба не успеа повторно да поведе. Велкоски со супер старт не му дозволи на напаѓачот на Шкендија ниту да шутне иако беше во идеална ситуација.

И тогаш Шкендија благодарение на Марко Ѓорѓиевски во 74.минута одново дојде во водство со 1:2, откако Беасрт Ибраими убаво му асистираше.

Треба да се каже дека во 78.минута Натаниел и тоа како опасно се закани.

И тогаш во 90+4.минута пенал за Брегалница, откако Манев играше со рака. ВАР потврди дека е пенал за домашните.

Но, Гаје успеа да го одбрани пеналот на Николов за конечна победа на Шкендија.


ПретходноНа само 34 години: Почина европската шампионка на 1500 метри