Шампионот во “погон“: Вардар со прв тренинг под водство на Фабиани!(ФОТО)

260
ФОТО:.facebook.com/fcvardarad/

Од вчера фудбалерите на Вардар се во “погон“ што би се рекло. Ги стартуваа подготовките за наредната сезона, пред се за настапот во Европа. Со оглед на тоа дека нашиот најтрофеен клуб по пауза од шест години ја врати титулата во своите витрини, вардарци ќе настапат во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

Вчера попладне на својот тренинг камп, Вардар го одработи и својот прв тренинг под водство на новиот стратег Кристијан Фабиани. Аргентинецот по неколку месеци откако е во Скопје, конечно ја дочека својата шанса и работеше со фудбалерите, се разбира заедно со своите помошници, за првпат.

Што се однесува до подготовките, експедицијата на Вардар набргу се сели во Италија каде што и дефинитивно ќе се комплетира а во вторник сите погледи ќе бидат свртени кон Нион каде што ќе се одржи ждрепката за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

ПретходноЕве зошто Барселона никогаш не ја повлече “десетката“ на Меси!
СледноПоследни вести за повредата на Нејмар!